Свет
8. November 2018 - 19:58

Неверојатна снимка на рускиот суперловец: Авионот на петтата генерација Su-57 подготвен за Трета светска војна

На интернет се појавил видео-материјал кој прикажува два ловци од петтата генерација на SU-57, кои биле снимени од рампата на воено-транспортниот авион An-12.
 
Благодарение на специфичната позиција на снимателот, забележани биле навистина убави кадри од перспективните борбени машини. 
 
На видео снимката објавена на телевизискиот канал "Ѕвезда", демонстриран бил лет на борбените авиони од петтата генерација SU-57, кои се појавиле во пар.
 
Видео снимката е направена од задните врати на воено-транспортниот авион An-12, благодерание на што операторот на камерата успеал да сними одлични детали.
 
Водителот на ТВ-каналот "Ѕвезда" притоа ја забележал нивната специјална шема на маскирање, која на себе ја имале овие авиони.
 
 
"SU-57" е повеќенаменски ловечки авион од петтата генерација, кој е конструиран со употреба на технологија која му овозможува радарска невидливост. Овој авион го осмислиле воздухопловните инженери на OKB Sukhoi. Ловецот може да се употреби против воздушни, копнени и поморски цели.
 
Британските новинари при опишувањето на вооружувањето кое може да го понесе овој руски авион, предупредиле дека се работи за летало кое е проектирано за "Трета светска војна". Авионот може да носи "v-v" ракети со дострел од 300 километри, но и најнови ракети од класата воздух-земја и воздух-море, кои летаат со хиперзвучна брзина.

 

Ново на Сител