Балкан
28. December 2016 - 9:58

Неверојатен пресврт во убиството кое го потресе регионот

27-годишната Милица Димитриевиќ од Ниш е уапсена под сомнение дека годинава на 5. Ноември во Нишка Бања го убила сопственикот на "ДНД", 51-годишниот Дејан Дејанчиќ, кај кого работела како собарка. Откако го убила него, се обидела да го убие и рецепционерот Дејан Јовановиќ кој е уште во кома.

Со ова доаѓа до неверојатен пресврт во истрагата, бидејќи до сега осомничен беше друг човек.

Полициската истрага со помош на ДНК анализите на пиштолот со кој е убиен Дејан, покажала дека токму собарката е виновна. Милица до сега го имаше поминато полиграфот, но вистината дојде на виделина.

Инаку, драмата се одвиваше на 5. Ноември кога Дејан Јовановиќ се јави во полиција и рече дека го убил газдата на хотелот ДНД. Полицијата тогаш не успеа да зборува со рецепционерот кој се заканувал со самоубиство. Секако, сето ова го наместила Милица која едниот го убила, а рецепционерот кој го наместила се обидела да го убие.

Тој сега е во кома и се бори за живот.