Невакцинираните луѓе во Австрија би можеле да се соочат со нови ограничувања

Невакцинираните луѓе во Австрија би можеле да се соочат со нови ограничувања доколку бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте, изјави канцеларот Александар Шаленберг.
– Доколку бројот на заболени од Ковид на интензивна нега достигне 500 или 25 отсто од вкупниот капацитет на земјата, влез во ресторани, хотели ќе биде дозволен само вакцинирани или опоравени од Ковид, изјави синоќа Шаленберг.
На интензивна нега сега се 220 пациенти, а доколку има 600 пациенти или една третина од вкупниот капацитет, Владата планира да воведе ограничувања за невакцинираните лица.
Во тој случај, ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само од посебни причини.
– Пандемијата се уште не е зад нас. Наскоро ќе упаднеме во пандемија на невакцинираните
Австрија соопшти за 20.408 нови случаи на заразени со вирусот во минатата недела, според здравствените власти, со што просекот за седум дена се искачи на 228,5 на 100.000 жители. Една недела претходно имаше 152,5 заразени на 100.000 жители.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во четврток пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
