Нетфликс одби да ја обележи серијата „Круна“ како фикција

Американската стриминг-платформата „Нетфликс“ го отфрли повикот на британскиот министер за култура во врска со драмската серија „Круна“, објавија неколку британски медиуми во неделата.
Министерот Оивер Дауден побарал од стримерот на почетокот на секоја епизода на серијата да биде вметнато известување со кое јасно би се ставило на знање дека станува збор за фикција односно измислено дело.
Секретарот за култура е меѓу неколкуте истакнати личности во Велика Британија кои тврдат дека серијата, во која актерите играат членови на кралското семејство, ризикува да им даде на гледачите погрешен и штетен впечаток за монархијата.
Според медиумските извештаи, Дауден и „Нетфликс“ размениле преписки за ова прашање.
„Нетфликс“ не одговори веднаш на мејлот од „Ројтерс“ со барање за коментар, а портпаролката на Министерството за култура во Лондон одби да даде коментар.
Сепак, некои медиуми го цитираат стриминг-гигантот, кој наводно, е уверен дека гледачите знаат дека серијата е лабаво заснована на вистински настани.
„Ние секогаш ја претставувавме „Круната“ како драма и имаме целосна доверба дека нашите претплатници разбираат дека тоа е дело на фикција што е во голема мера заснована на историски настани,“ одговорил стримерот цитиран од британските медиуми.
„Како резултат на тоа, ние не планираме – и не гледаме потреба – да додадеме било какво одрекување на одговорност.“
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
