Нетанјаху: Израел не сака војна со Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не сака војна со Иран, само еден ден откако објави информации за кои тврди дека се докази за тајните напори на Техеран да се стекне со нуклеарно оружје и покрај Договорот од 2015 година за ограничување на иранската нуклеарна програма.
- Никој не сака таков развој на настаните. Иран е тој што ги менува правилата во регионот, посочи Нетанјаху за Си-Ен-Ен одговарајќи на прашањето дали Израел е подготвен да влезе во војна против Иран.
Нетанјаху синоќа изјави дека неговата Влада има „половина тон“ тајни ирански документи кои покажуваат дека Техеран има програма за нуклеарно вооружување.
Тој тоа го нарече „големо разузнавачко достигнување“ и тврди дека документите покажуваат оти Иран лажел за своите нуклеарни амбиции пред да го потпише мултилатералниот договор во 2015 година.
Иран негира дека тежнеел да се стекне со нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година