Нетанјаху изјави дека средбата со Блинкен била „позитивна“
– Средбата меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот државен секретар Ентони Блинкен беше „позитивна и помина во добар дух“, се вели во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер.
– Премиерот ја потврди посветеноста на Израел на најновиот американски предлог за ослободување на нашите заложници, земајќи ги предвид безбедносните потреби на Израел, на кои тој силно инсистира, се вели во соопштението на владата, објавено по тричасовната средба.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно денеска предупреди дека најновиот обид за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците е веројатно најдобрата и можеби последната опција, повикувајќи ги Израел и Хамас да направат тежок компромис и да го прифатат договорот.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати