Балкан
27. јуни 2016 - 14:23

Нетанјаху: Договорот со Турција предвидува задржување на поморската блокада врз Појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека договорот за нормализација на односите со Турција предвидува задржување на поморската блокада на Појасот Газа. 

- Што се однесува до поморската блокада на Појасот Газа, јас не бев подготвен за компромис. Нема да дозволиме бродови да се доближуваат до Појасот, изјави Нетанјаху на прес конференција во Рим.

Премиерот додаде дека договорот со Анкара предвидува „паралелно со блокадата, зголемен број хуманитарни товари во Појасот Газа“.

Во договорот е предвидена и заштита на израелски војници од судски процеси и истрага „сега и во иднина“.