Несторовски: Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста
Напаѓачот на калчолигашот Удинезе денеска повторно преку соопштение им се извини на навивачите и рече дека ќе ја прифати секоја одлука што ќе ја донесе селекторот Игор Ангеловски, со оглед на тоа што јавноста бара негово исклучување од репрезентацијата.
„Секако, се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени нa јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè! Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа! И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно! Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци. A со критикиte сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера. Критиките ме мотивираат, а личните навреди се нешто сосема друго! Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега! Кога резултатите не беа најдобри, менував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство! Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување, и напред Македонија“, стои во обраќањето на Несторовски.
Ново на Сител
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач