Несторовски: Ќе се вратам посилен од порано
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката која ја добива од сите страни по тешката повреда на коленото. Тој е уверен дека ќе се врати на терените посилен.
– За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик и ке се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, напиша Несторовски.
Фудбалерот се повреди на еден од тренинзите со неговиот клуб Удинезе.
Ново на Сител
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило