Loading Video...
Фудбал
10. November 2020 - 19:52

Несторовски: Имаме искуство за големи натпревари

Македонската фудбалска репрезентација е во самиот ек на подготовките за гостувањето во Грузија каде во четврток го игра финалниот дуел со домашната селекција за пласман на следното Европско првенство.  СЕлекторот Ангеловски денеска дополнително го повика играчот на Шкендија, Тотре.

             Македонија никогаш досега не била толку блиску до големо натпреварување со А- националниот тим како во овој момент.  Шансата што ја овозможи новото натпреварување Лигата на нациите не смее да се испушти.   Историска шанса коментира секој член на националниот тим кој заслужи повик од селекторот Ангеловски.

            Противникот  во четврток во 18ч. Веќе добро познат селекцијата на  Грузија која ќе ја има предноста на домашниот терен и со која одигравме две средби без победник. Влогот е голем за секој учесник во за нас ова големо финале.  И Македонија и Грузија немаат настап на европските шампионати . Затоа се потребни најдобрите во овие тешки времиња што ги предизвика светската пандемија на Ковид -19.  Последна енигма за нашиот тим беше доаѓањето на Кирче Ристевски кој сепак е негативен на тестовите и ќе патува за Тбилиси.  Отпаднаа голманот Божиновски и повредениот Адеми  но денеска дополнително е повикан  Енур Тотре.  Вечерва националниот тим се комплетира откако во Скопје пристигнаа Пандев, Елмас и Алиоски.