-->
-->
Несторовски: Играме дома, а се чувствуваме како во гости
-->
Еден од најдобрите фудбалери во македонската фудбалска репрезентација Илија Несторовски изрази огорченост и незадоволство од малата поддршка која македонските фудбалери ја имаа на синоќешниот пријателски меч против Турција кој се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје, а заврши без голови 0:0.
- Игравме против една квалитетна репрезентација како Турција која се наоѓа во Топ-30 репрезентации во Европа. Покажавме и докажавме дека во последните мечеви играме одлично и делуваме како репрезентација, но најголема жалост ми беше кога излегов пред почетокот на натпреварот. Играме дома, а се чувствуваме како во гости. Навистина е жалосно кога ова се случува за нас. Знаеме дека против Шпанија ќе биде полн стадионот, но зошто не ја добиеме поддршката и на „помалите“ мечеви? Навистина не ми е јасно, но тоа е. Сега следи меч со Шпанија, моќна репрезентација, но не се плашиме. Нашата самодоверба е на високо ниво, изјави Несторовски.
Македонија покрај двата постигнати гола кои беа поништени поради офсајд имаше уште неколку убави шанси, но не успеа да ја совлада фаворизираната Турција.
Наредниот предизвик за „црвено-жолтите“ е веќе в недела (11 јуни) во дуелот против Шпанија, повторно во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмичките и радовишките пожарникари вчера изгаснаа 12 пожари на отворено
-
Еден загинат и тројца повредени во украински напад со дронови врз Москва
-
Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина
-
Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
-
Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан