Несторовска: Размената на податоци важна за откривање вооружени насилства
Размената на податоците и сознанијата, особено на оние кои се однесуваат на видот, типот и балистичките карактеристики на оружјето е важна алка при откривање на сторителите на вооружени насилства, истакна државниот секретар при Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска во своето обраќање на Осмата регионална конференција на Националните координатори за мало и лесно оружје што во изминативе два дена се одржа во Скопје.
Успешната борба против овој облик на криминал, како што посочи, бара надминување на тесните национални граници на државите и нивните можностите, особено во поглед на контролата на оружјето.
- Соработката е насушно потребна, пред се ако ги имаме на ум сериозните терористички напади со кои се соочува европското тло во изминатите неколку години, рече Несторовска.
Нагласувајќи го очекувањето за поактивно споделување на стекнатите сознанија, како и практичните и теоретските информации за сите аспекти од употребата и чувањето на оружјето, Несторовска посочи дека само на тој начин, директно и заеднички, ќе се придонесе кон подигање на нивото на општата безбедност како во сопствените земји, така и безбедноста на регионот, воопшто.
- Заложба на Владата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи е да работи на подигање на нивото на безбедност граѓаните во државата, што нужно условува превенција, контрола и искоренување на пролиферацијата на нелегалното оружје, во согласност со релевантните и меѓународните иницијативи, стандарди и документи за контрола на оружјето и муницијата Несторовска.
Според неа во остварување на оваа заложба, прва и можеби најважна работа, е подигање на свеста на јавноста.
- Потребно е отварање на широк фронт на субјекти вклучени во реализација на оваа заложба, почнувајќи од најмладите преку концепирање на посебни програми во нивните социјални и образовни установи, преку осмислени и координирани активностите на мноштвото државни органи и установи, во соработка на невладиниот сектор, во рамки на меѓународните иницијативи и меѓународните организации, рече Нестооровска.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб