Несторовска и Велковски на Светски конгрес за гранична безбедност
Државниот секретар на МВР Магдалена Несторовска и директорот на БЈБ Лазе Велковски се во официјална посета на Кралството Шпанија, каде на покана на ОБСЕ присуствуваат на Светскиот конгрес за гранична безбедност, што се одржува во Мадрид од 20 до 23 март.
Во рамки на оваа активност, како што соопшти МВР, тие оствариле билатерална средба со генералниот директор на шпанската полиција Герман Лопез Иглесијас и директорот на Одделот за илегална миграција и трговија со луѓе и нивните соработници, при што биле договорени повеќе активности за унапредување на натамошната соработка особено во сферата на организираниот криминал,трговијата со луѓе и илегалната миграција.
На покана на директорот на Одделот за трговија со луѓе и илегална миграција била остварена посета на Националниот центар за гранично управување при МВР на Кралството Шпанија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за реорганизација на Владата на собраниска седница - Од кого ќе добие поддршка?
-
АХВ: Македонија јаде безбедна храна
-
Екологисти од Струмица ќе ја подигнуваат јавната свест за уништување на шумите
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Лимани и Камбовски нови членови на Судскиот Совет