Несторовиќ: Нема да одиме со „Србија против насилство“, можна поддршка за Вучиќ и СНС
Носителот на листата „Ние сме гласот на народот“ д-р Бранимир Несторовиќ изјави дека тој и неговите соборци од истоименото движење сигурно нема да бидат во никаква коалиција и договор со „Србија против насилство“, бидејќи, како што рече, што се тие прават сега по изборите, како да прават атмосфера на Мајдан, јави дописникот на МИА од Белград.
– Ќе ги чекаме конечните резултати, не би коалицирале со никого, бидејќи така се договоривме на почетокот, изјави Несторовиќ за „Вечерње новости“.
Тој додаде дека основачите на движењето, „ќе се сретнат и ќе гласаат деновиве“, па ќе видат дали можат да бидат малцинска поддршка на СНС и СПС за некои конкретни предлози.
– Ние сме опозиција, но не сме опозиција на се, доколку има добри предлози во градското собрание или ако републичкиот Парламент гласа за Резолуцијата за Косово, која е во интерес на државата, секако дека тоа ќе го поддржиме, рече Несторовиќ.
Еден од основачите на тоа движење, Александар Павиќ, за весникот Курир изјави дека сега единствените две опции кои би можеле да бидат во игра се соработка со изборната листа на СНС – „Србија не смее да застане“ или нови избори за град Белград.
И претседателот Александар Вучиќ, по изборната ноќ, реќе дека Несторовиќ доколку не влезе во коалиција со СНС и СПС, можно е изборите за град Белград да се повторат.
Проевропската Србија против насилството и денеска најави протести пред РИК, поради, како што наведуваат, изборни манипулации на изборите, особено во градот Белград.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање