Нестабилно со врнежи од дожд

Времето денеска претпладне во Македонија во северните и источните делови ќе биде облачно со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град. Ќе дува умрен, повремено засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 22 до 33 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Ќе дува умрен, повремено засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во недела и во понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени.
Ново на Сител
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
