Македонија
30. September 2017 - 13:42

Несреќа во Скопје: Воз удри во пешак

Пеесетина минути по полноќ во Скопје во железничката станица-Маџари, поточно околу 150 метри од влезниот сигнал во близина на Макошпед, се случила железничка незгода во која воз што се сообраќал на релација железничка станица Трубарево-железничка станица Скопје удрил во пешак.
 
По ударот лицето станало и го напуштило местото на настанот заминувајќи кон населба Маџари.
 
Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата  бил во прекин до 01,50 часот до завршување на увидот.