-->
-->
Несреќа на патот Штип-Карбинци - едно лице повредено
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила кај Штип, едно лице е повредено. Како што стои во билтенот на МВР, околу 00,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Карбинци, во с.Стар Караорман патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистерски таблици управувано од К.Д. (23) од с.Стар Караорман излеталo надвор од коловозот и удрилo во дрво, а потоа во бетонска ограда и се превртелo. По незгодата К.Д. со возило на Итна медицинска помош со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата