Несовесен камионџија се изврте кај Пресека и предизвика 6 километарска колона- брза реакција на надлежните
Иако сите служби алармираа и донесоа забрани за движење на тешки товарни возила, некои возачи сепак не ги почитуваат забраните и предизвикаа застој на патиштата. Сепак, брзата реакција на надлежните на терен спречува поголем застој и засега сообраќајот се одвива непречено.
Иако на планинскиот превој Пресека има забрана за движење на тешки товарни возила, сепак еден несовоесен возач не ги почитувал препораките и се извртел со шлепер, по што го блокираше патот и предизвика 6 километарска колона.
Според последните информации, благодарение на брзата реакција на надлежните шлеперот е отстранет од коловозот и сообраќајот продолжил да се одвива во зимски услови. Екипи на „Македонија пат“ постојано се на терен и интервенираат во надминување на застојот на патиштата.
На планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово, поради врнежи од снег, попладнево од 15 часот превентивно е воведена забрана за движење тешки товарни возила, а од 18 часот задолжителна е зимска опрема за овој вид возила на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Ново на Сител
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател