Бизнис
5. September 2016 - 12:38

Непроменети цените на угостителските услуги во август во однос на јули

Цените на угостителските услуги во август во споредба со јули годинава останале на исто ниво, а споредено со август лани се зголемени за 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги за периодот јануари-август годинава во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4 проценти, а за 0,1 процент споредено со декември лани.