Непречистени 72.2 % од испуштените води во 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 293 191 илјада м3 вода за снабдување, што е за 2.3 % помалку во однос на 2022 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.4 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера.
Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2023 година било за 0.9 % помалку во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68.9 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.
Вкупното количество отпадни води во 2023 година било за 0.4 % помало во однос на 2022 година.
Од вкупното количество испуштени води во 2023 година, непречистени биле 72.2 %, а пречистени 27.8 % од отпадните води.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
