Непречено се одвива бербата на овошје во кумановско

Непречено се одвива бербата на сезонското овошје на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. На подрачјето на трите општини, на овошни насади отпаѓаат околу 600 хектари.
Според податоците на стручните, на оваа поднебје најголем процент отпаѓа на сливите, околу 40 проценти, јаболките и кајсијата, со по 15 односно 10 проценти. Во последниве неколку години се повеќе се садат јаткасти овошја, со околу 25 проценти од вкупните овошки, а од нив најголем процент отпаѓа на оревот, во помал процент и лешникот и бадемот.
И годинава, се очекува индивидаулните земјоделци да наберат значително поголема количина на овошје во однос на земјоделските претпријатија, бидејќи во поширокиот кумановски регион, поголем процент од овошките не се наоѓаат во класични овоштарници, туку се измешани со други овошки по дворови и ниви на индивидуални земјоделски стопанства.
– Што се однесува до вкупното производство, кое изнесува околу 7.000 тони овошје, само околу десет проценти од производството отпаѓа на земјоделски претпријатија. Ова најверојатно се должи на тешкото наоѓање на пласман и поради тоа, најголем дел од овошките се како поединечни дрвја кај индивидуалните земјоделски производители кои овошјето го користат за сопствени потреби-информира, раководителот на подрачната единица, Насер Даути.
Дел од произведеното и собраното овошје се продава на локалните пазари и малопродажни објекти во регионот и соседните реони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
