Непознат бројот на заглавени граѓани во поплавените подрачја во Грција, продолжува спасувачката акција
Преку грчките телевизии, жители од поплавените подрачја, заглавени со часови без вода и храна, меѓу кои и стари лица, бараат помош и упатуваат апел што побргу да стигне помош и да бидат спасени, јави дописничката на МИА од Атина.
Бројот на оние кои се заглавени во поплавените објекти во околината на Кардица, Трикала и Волос, засега е непознат, исто како што е непознат и бројот на исчезнати лица, додека пак бројот на жртвите во невремето „Даниел“ се зголеми на седум загинати.
Паралелно, со хеликоптери, со чамци и булдожери, продолжува и масовната акција за спасување на луѓето од поплавените грчки подрачја.
Во спасувачката акција од воздух се вклучени хеликоптери на противпожарната служба и на армијата, меѓу кои еден Синук, а стотини граѓани од утрово се префрлени на безбедни локации.
Не е мал бројот на оние, кои исто така преку грчките телевизии, ги бараат своите роднини и пријатели со кои имаат загубено контакт и не знаат дали се живи, а поради прекинот на електричната енергија им се празни мобилните телефони, или не успеале да се спасат во поплавите.
Крајбрежната служба на Грција денеска спаси и девет туристи од Германија од плажа во областа Пилио.
Официјално од почетокот на невремето „Даниел“ во вторникот, животот го загубија седум лица, но во Грција постои страв дека оваа бројка може значително да се зголеми.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно