Непосредна заштита на манастирот „Св. Гаврил Лесновски”
Во рамките на програмата за заштита на културното наследство, за годинава предвидена е и непосредна заштита на манастирскиот комплекс „Св. Гаврил Лесновски“ во село Лесново, кој се наоѓа на петнаесетина километри од Пробиштип, на југозападните падини на планината Осогово.
- Стручните екипи на Националниот конзерваторски центар ќе изработат проект за детални конзерваторско-реставраторски истражувања на овој значаен манастирски комплекс чија заштита се наметна како приоритет поради децениската влага која претставува сериозна закана за живописот и архитектурата на црквата. Исто така, ќе се изведат и геомеханички истражувања на почвата, а ќе се изработат и проектна документација за црквата „Св. Архангел Михаил и Гаврил“, како и конзерваторски проект за превентивни заштитни интервенции на покривната конструкција и на архитектурата на црквата. Во текот на 2016 година е планирана реализација на овие значајни активности по што ќе се пристапи кон конзервација на вредниот фрескоживопис, информира Министерството за култура.
Се претпоставува дека манастирскиот комплекс „Св. Гаврил Лесновски“ е основан од св. Гаврил Лесновски во XI век. Под ктиторство на деспот Оливер, сегашната црква, посветена на св. Архангели Михаил и Гаврил, е изградена на постари темели и живописана во 1341 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето