Свет
12. April 2017 - 10:16

Необичен разбојник- Тероризира жени и има чудни барања

Полицијата во германскиот град Хајделберг се соочила со криминалец од необичен вид- две жени биле жртви на овој криминалец, кој при напаѓањето барал по една чорапа.

Непознатиот криминалец во понеделникот запрел млада велосипедистка и заканувајќи се со нож ја присил да ја соблече чорапата. Откако го добил својот „плен“ тој се одалечил.

Полицијата го истражува случајот со помош на карактеристиките од цртите на лицето, кои двете нападнати жени ги дале.