Нему сега му е најтешко: Девојката го остави па освои 758 милиони долари, ова е неговата исповед
Поранешниот партнер на Американската која го освои најголемиот џекпот во историјата добро го поднесува фактот што нема да учествува во делењето на нејзиното богатство.
Ричард Лорд живеел во вонбрачна заедница со Мејвис Ванчик до крајот на минатата година, кога ја прекинале врската, а таа му порачала дека „тргнува во подобар живот“.
Ванчук пред неколку дена освои 758 милиони долари на лотаријата Пауербол.
Иронично, Лорд никогаш не ја запросил поради лошото искуство кое го имал во првиот брак.
Тогаш во разводот останав без 50 отсто од се, не смеев да ја повторам истата грешка, вели тој.
-Бев во брак 20 години, но тоа се се заврши со голема главоболка. Таа ги доби децата, имав прекрасна куќа, ја доби и неа. Немав ни што ја јадам. По сето тоа, не ми се брзаше повторно да се женам, рече Лорд.
Според законот на сојузната држава Масачусетс, ако Лорд и Ванчик биле во брак во моментот на освојувањето на лотаријата, би морале да ја поделат добивката. Но таа држава не ја признава вонбрачната заедница.
-Среќен сум поради неа.Немам ништо против неа. Се надевам дека ќе ужива во сите тие пари - а богами ги има многу сега, вели Лорд.
Нејзината добивка на лотарија е втора најголема во историјата - најголема досега беше 1,56 милјарди долари, но е поделен на три двојки, па секој од нив добил по 328 милиони долари.
Ванчик по данокот, вкупно добила 443 милиони во готово.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација