Немири во Тирана, демонстранти фрлаат димни бомби и молотови коктели кон Владата | ВИДЕО
Поранешниот претседател и премиер на Албанија, а сега лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша на денешниот протест пред зградата на Владата побара оставка од актуелниот премиер Еди Рама, а демонстрантите фрлаа димни бомби, молотови коктели и балони со боја кон зградата на Владата на Албанија, по што се упатиле кон зградата на парламентот.
Осврнувајќи се на аферата „Мекгонигал“, Бериша рече дека ги повикал САД и ЕУ да го истражат скандалот и нагласи дека Рама повеќе нема легитимитет да биде премиер на Албанија.
Бериша ги повика своите приврзаници да се борат, да се претворат во револтирани граѓани кои протестираат и ја следат револуцијата до победа.
„Мојот повик е секој ден, да направиме се за да го скратиме животот на овој режим. Еди Рама, неговиот режим треба да биде урнат ден претходно. Рама го поткупил шефот на ФБИ, нашиот стратешки партнер, некогаш Албанија беше главна вест кога влезе во НАТО, денес е ударна вест дека нејзиниот премиер е врзан со руски олигарх, пријател на Путин, каде и двајцата го поткупуваат највисокиот функционер на ФБИ, поради неговата корумпирана моќ. Еди Рама повеќе не е легитимен, политички не е истиот човек, никогаш не може да биде премиер“, рече Бериша.
Лидерот на Партијата на слободата, Ијир Мета, истакна дека Рама ја користи својата моќ за да ја задоволи мафијата доколку не го задржат на власт уште еден ден.
Поранешниот пратеник Алдо Бумчи на протестот на опозицијата рече дека премиерот Еди Рама ја втурнал земјата во беда и „ги принудил Албанците да си заминат како Сиријци“.
За разлика од минатиот протест, кога беше без обезбедување, денеска Бериша беше опколен од телохранители.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шеќеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!
-
Најзагадениот град во светот ги полни амбулантите со пациенти