Живот
15. February 2018 - 9:10

Немаше парче леб, а донираше 40.000 евра за црквата - Дедо Добри вечно ќе се памети по хуманоста

Добри Димитров Добрев, познат како дедо Добри или Светецот од Бајлово, почина на 104-годишна возраст. 

Старецот кој го изгуби слухот за време на Втората Светска Војна и кој по цели денови седеше пред разни цркви и манастири и трпеливо ја пружаше раката кон сите добронамерни луѓе кои доаѓаат да се помолат, ќе остане запаметен по хуманите дела и по тоа што донираше на патријаршиската катедрала над 35 илјади левови – најголематадонација од физичко лице во над 100-годишната историја на храмот.

Nека почива во мир.