Нема зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Деве Баир
На граничниот премин Деве Баир нема зголемена фреквенција на возила и луѓе. Околу илјада лица дневно минуваат преку овој премин во двата правци.
– Иако се слави Нова година, ниту денес, ниту изминатите неколку дена не е зголемен бројот на луѓе што минуваат низ Деве Баир, за влез и излез од државата. Во просек, дневно на овој премин минуваат околу илјада лица и таа бројка е непроменета, а денес речиси и да нема раздвиженост. Ниту бугарските граѓани не доаѓаат во голем број, бидејќи кај нив веќе завршија божиќните празници, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор, регионален центар Исток.
По препораките од надлежните за одговорно славење и забраната за собири, деновиве се засилени и контролите од страна на Министерството за внатрешни работи. Оттаму потсетија и за почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.
Во Крива Паланка вчера беа регистрирани шестмина новозаразени од КОВИД-19 и четворица оздравени, а едно лице на 65-годишна возраст ја загуби битката со вирусот.
Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се заразени 616, а во моментов има 117 активни случаи со КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот