-->
-->
Нема повеќе Ronhill и York: Познатите цигари ги менуваат имињата!
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/february/cigarete-696x456-37695.jpg?itok=wnWwxmYM)
Иако се обврзаа да го задржат производството во Канфанар пет години од превземањето, со граница од 50 милиони евра во случај на привремено затворање на компанијата, British American Tobacco (BAT) очигледно не е должен да ги задржи традиционалните брендови TDR, кои минатата година ги превзема за половина милијарда евра.
Вториот производител на цигари во светотвеќе се ослободи од Benston, а на негово место нуди Rothmans, а ако се покажат точни тврдењата дека исто ги очекува и брендовите York i Ronhill, додека останатиот дел потполно ќе се затворат, ќе се потврди дека BAT ја постигнале својата цел - купување на пазарот на TDR.
Во BAT тврдат дека производството на Benston не запрела. Брендот на кој му опаѓа популарноста, велат се пренесува во успешен меѓународен бренд кој ги има истите мешавини на тутун.
Со тоа, изворот вели дека York ќе стане Pall Maall, Ronhill - Dunhill, единствено нешто од кое се очекува повеќе отпор е Walter Wolf кој треба да се замени со Lucky Strike.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија