Нема постапки против медиуми во четвртиот извештаен циклус
Привремената Комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница заклучи дека во четвртиот период на набљудување медиумите известувале на начин кој е во согласност со законот и не препорача поведување прекршочни постапки против ниту еден медиум.

- Мониторингот на медиумите во периодот од 2 до 11 октомври 2016 година покажа дека медиумите во делот на известувањето направија значителен напредок во квантитативниот и квалитативниот баланс. По разгледување на четвртиот десетдневен Извештај за извршен мониторинг на 18 програмски сервиси, Привремената комисија не даде ниту еден предлог за изрекување мерка, но им укажува на радиодифузерите особено да стават акцент на квалитативниот баланс при известувањето. Комисијата изразува задоволство што во овој извештаен период, генерално се почитува членот 75-б од Изборниот законик, односно известувањето за државните органи не е во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект и ги охрабрува радиодифузерите во иднина да продолжат во оваа насока, пишува во заедничкото соопштение на петчлената Комисија.
Ова е втор извештаен период во кој Комисијата не препорача покренување прекршочни постапки, додека во два периода имаше предлози за постапки против вкупно три телевизии.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Глутница кучиња во скопски Карпош: Граѓаните видно вознемирени - што ќе превземат властите?
-

Тема на денот со Никола Грпчевски, државен советник во Министерство за здравство
-

Унгарски 4 Ај Џи доби лиценца за трет мобилен оператор
-

18 години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на воздухопловниот винг
-

Екс директорот на Геријатрија идната недела ќе ја слушне пресудата за примање поткуп
-

Неизвесно е воведувањето на системот „Safe city“ од 1 февруари
-

Азир Алиу - законот за заштита од пушење не е ригорозен туку е европски
