Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Временските интервали се следни: петок : 17:00 – 22:00 часот, сабота : 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот.
Забрана за тешки товарни возила на магистрален пат А2 : Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
