Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата
Црн чад излезе од оџакот на од Систинската капела, што значи дека нов папа не е избран ниту во вториот круг од гласањето на конклавата на кардиналите, јаво Еуроњуз
Првото гласање се одржа синоќа, а кога ќе се избере новиот поглавар од оџакот на Систинската капела ќе се појави бел чад.
Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква започна вчера попладне, а во изборот учествуваат 133 кардинали.
Претходните два конклава, во 2005 и 2013 година, траеја само по два дена.
Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по два дена гласање. Почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.
„Sede vacante“, периодот кога папската столица останува празна, го најавува почетокот на конклавата, еден од најмистериозните избори во светот со вековна традиција. Од тој момент, управувањето со црквата со ограничени овластувања е оставено на коморникот на Римската црква, префектите на дикастеријата и колегиумот на кардинали.
Ново на Сител
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“
-
Го фатила за врат снимателот и му ја оштетила камерата, на новинарот му го одзеле и фрлиле телефонот, обвинение за нападот во Визбегово
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога