Нема докази за поврзаност на нападот во лондонското метро со ИД

Британската полиција и разузнавачките служби не открија докази дека нападот во лондонското метро во петокот е нарачан или организиран од некоја позната екстремистичка група, соопшти денеска неименуван извор од Владата во Лондон.
Британската полиција уапси две лица осомничени за поврзаност со нападот, при кој беа повредени 30 лица.
Одговорност за нападот уште во петокот презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Според британскиот владин извор, нападот можеби на некој начин бил инспириран од пропагандата на Исламска држава, но нема никакви докази кои укажуваат на дирекна поврзаност меѓу нападот и ИД или друга организирана екстремистичка група.
Вчера и британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад изјави дека нападот најверојано не го извршил еден човек кој дејствувал сам. но дека нема докази за вмешаност на ИД во целиот случај.
Ново на Сител
-

Спасени 33 лица, десетици илјади сè уште се водат како исчезнати по двојниот земјотрес во Венецуела
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД:Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
