Македонија
1. August 2019 - 16:33

Нема договор за иднината на СЈО - власта и опозицијата повторно се судрија за Русковска и последните предмети

Власта и опозицијата повторно се скараа за статусот на СЈО. Денешната средба на работните групи заврши без напредок и со меѓусебни обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ вели дека очигледно власта не се откажува од обвинителката Рускоска која според нив ги штити функционерите на СДСМ. Дескоска одговори – барањата на опозицијата се ретроградни и сталинистички.

Персонланиот состав на новото обвинителство за гонење на организиран и висока корупција и идинината на предметите кои СЈО ги отвори по законкиот рок И натаму се прашања за кои власта и опозицијата имаат целосно спротивставени ставови.  

Работните групи досега се усогласија само околу зголемување на финансиската независност на државното јавно обвинителство. предлогот е оваа институција да добива најмалку 0, 4 % од државниот буџет, но се уште се очекува одобрување од Министерството за финансии.

Поради летните одмори, преговорите за иднината на СЈО ќе паузираат. Следната средба на работните групи ќе се одржи по 15 август.

По исходот од денешната средба останува неизвесно дали до средината на септември Законот за јавно обвинителство ќе добие поддршка од најмалку 80 пратеници.