Нелсон: Го предупредив Додик на потенцијални последици

Американскиот амбасадор во БиХ, Ерик Нелсон изјави дека на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик му укажал на потенцијалните последици од непочитување на Дејтонскиот договор, како на пример врз економијата, заминување на младите и „нови санкции“.
– Му го пренесов ставот на САД дека територијалниот суверенитет и интегритет мора да се почитуваат, Дејтон мора да се почитува, а ултиматум и блокади не се добар начин на функционирање. Разговарав со него и за евентуалните последици. Тие можат да се одразат во економијата, со заминување на младите и преку нови санкции, истакна Нелсон.
Тој нагласи дека Дејтонскиот устав бил добра почетна точка, но потребни се модификации.
– Сите се согласуваат дека компромисот е тежок и тоа е голем предизвик, но проблемите мора да се решаваат преку државните институции, а Уставниот суд на БиХ е столб на државата и треба слободно да функционира, додаде американскиот амбасадор.
По средбата со Нелсон, која се одржа веднаш по седницата на Претседателството на БиХ, Додик, меѓу другото, изјави дека се што му рекол амбасадорот, тој му возвратил.
– Имаше и некои работи кои јас ги доживувам како закана и не ми се верува дека се впуштаат во такво нешто. БиХ ни припаѓа нам, а не нему за да се заканува во нејзина одбрана, изјавил Додик, објави Радио Сараево.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
