Неколкумина повредени во експлозија во лондонска метро-станица
Неколку лица се здобија со изгореници на лицето, при експлозија на содржина во корпа за отпадоци крај воз во лондонското Метро.
Според „Мирор“, по експлозијата, од кантата почнал да излегува непознат гас.
Би-Би-Си наведе дека полицијата соопштила оти е запозната со инцидентот на станицата „Парсонс Грин“ во западниот дел на Лондон, по што на местото на настанот се испратени голем број полицајци, како и противпожарни и амбулантни возила.
Сепак, лондонската полиција соопшти дека официјално ќе се огласат за инцидентот, кој се случи околу 8 часот, по локално време, откако ќе бидат сигурни во прецизноста на информациите.
Очевидци изјавија дека по експлозијата настанала голема паника меѓу патниците и оти неколку лица се здобиле со полесни повреди при турканицата.
Операторот на лондонското метро соопшти дека возовите на целата линија се сопрени.
Ново на Сител
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада