Свет
21. November 2016 - 17:28

Неколку земји на НАТО и ЕУ планираат создавање центар за борба против хибридни закани

Неколку земји од НАТО и ЕУ планираат да создадат во Хелсинки центар за борба против хибридни закани, изјави денска финскиот заменик министер за надворешни работи Јори Арвонен.

Хибридната тактика комбинира конвенционални и неофицијални воени дејствија со кибервојна, пропаганда и други тактики со индиректно дејствување.

Минатиот месец Финска, која не учествува во воени сојузи, изрази загриженост поради пропагандната кампања на Кремљ која е силно насочена против неа.

Арвонен истакна дека Финска го разгледала прашањето за создавање центар заедно со САД, Велика Британија, Германија, Италија, Шпанија, Полска, Франција, Шведска и балтичките земји, како и со претставници на ЕУ и НАТО.