Неколку загинати по пожар во болница во близина на Рим, 200 евакуирани
Најмалку три лица загинаа во пожар во болница во близина на Рим доцна синоќа, соопшти противпожарната бригада утрово, јави ДПА.
Пожарот избувнал околу 23 часот во болницата „Сан Џовани Евангелиста“ во Тиволи, непосредно пред Рим, соопшти противпожарната бригада.
За време на гаснењето на пожарот е пронајдено и четврто тело, јавија италијанските медиуми. Не е јасно дали лицето веќе починало пред пожарот.
Службите за итни случаи успеале да го изгаснат пожарот во текот на ноќта.
Околу 200 пациенти, меѓу кои и деца, биле префрлени од болницата во источниот дел на Рим во различни болници во главниот град на Италија. Тие биле распределени според нивната здравствена состојба.
Причината за пожарот првично е нејасна. Според првичните сознанија, пожарот избувнал на вториот кат од болницата.
Пламените јазици, наводно, брзо се прошириле и стигнале до одделението за итни случаи и одделението за интензивна нега.
Ново на Сител
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура