Неколку загинати по пожар во болница во близина на Рим, 200 евакуирани
Најмалку три лица загинаа во пожар во болница во близина на Рим доцна синоќа, соопшти противпожарната бригада утрово, јави ДПА.
Пожарот избувнал околу 23 часот во болницата „Сан Џовани Евангелиста“ во Тиволи, непосредно пред Рим, соопшти противпожарната бригада.
За време на гаснењето на пожарот е пронајдено и четврто тело, јавија италијанските медиуми. Не е јасно дали лицето веќе починало пред пожарот.
Службите за итни случаи успеале да го изгаснат пожарот во текот на ноќта.
Околу 200 пациенти, меѓу кои и деца, биле префрлени од болницата во источниот дел на Рим во различни болници во главниот град на Италија. Тие биле распределени според нивната здравствена состојба.
Причината за пожарот првично е нејасна. Според првичните сознанија, пожарот избувнал на вториот кат од болницата.
Пламените јазици, наводно, брзо се прошириле и стигнале до одделението за итни случаи и одделението за интензивна нега.
Ново на Сител
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%