Неколку скопски населби утре без струја
- Без струја утре ќе останат делови од општините Студеничани, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.
Од 08:30 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од селото Студеничани, во околината на Бурдем Пластик и спроти бензинската на влезот од селото, а од 10:30 часот до 15 часот дел од жителите во селото Кучково во општина Ѓорче Петров.
Дел од улицата Скупи во Злокуќани и дел од подулиците 12,14, 20 и 22 во општина Карпош ќе бидат без струја од 08:30 до 11:30 часот, додека во периодот од 9 до 15 часот дел од корисниците од улицата Миле Поп Јорданов зграда бр. 72. Во општина Карпош поточно дел од улицата Букурешка ќе биде без струја од 09:30 до 12 часот.
Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од местото викано Барутница и зад Црквата. б
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи