Неколку природни лекови против каснување на комарец кои ви се наоѓаат дома
Вашата кујна може да послужи и како аптека доколку по каснување од комарец имате силно чешање и се појави голем оток.
Овие намирници вас можат да ви помогнат за да ги намалите тегобите.
Лимун
Овој цитрус има природни антиинфламаторни и анестетички својстваи многу е ефикасен у намалување на отокот по убодот од комарец. Едноставно пресечете лимун и утрљјте една половина од лимунот на местото на убодот. Можете да помешате и лимунов сок со босилок и оваа мешавина ги намалува тегобите по убодот од комарецот.
Сода бикарбона
Содата бикарбоната моментално го спречува чешањето по каснувањето на комарецот. Растворите чаша вода и лажичка сода бикарбона, натопете пешки со растворот и држете на местото од убодот 10 до 20 минути.
Лук и кромид
И лукот и кромидот можат да намалат оток и да го намалат чешањето по убодот од комарец. Измелете лук и кромид и смесата нанесете ја на убодот. По неколку минути измијте ја смесата од кожата.
Сол
Со оглед дека има антиспетички и антиинфламаторни својства, солот е одличен лек против оток и чешање по убодот од комарец. Направите паста од сол и неколку капки вода и нанесете на местото на убодот, по неколку минути измијте го местото.
Мраз
Ниската температура го успорува преносот преносот на супстанци кои предизвикуваат оток, а со обзир дека местото е третирано со мраз вкочанува и нема да осќате чешање и болка. Држете кеса со мраз неколку минути на местото на убодот.
Ново на Сител
-
Уапсен 44 годишен тетовец, кај него пронајдена дрога
-
Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница
-
Македонски автобус се излизгал вчера по обилните врнежи во Србија
-
Медведев: Русија не сака да употреби нуклеарно оружје
-
Во Мајами уверени дека Меси ќе остане во клубот до 2026 година
-
Расел ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Лас Вегас
-
Кристоф Ле Риголер: Да бидеме реални, не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на евроинтеграција
-
Продолжуваат преговорите за пласманот на средствата од унгарскиот заем на стопанството