Свет
1. April 2016 - 8:29

Неколку лица повредени во пресметка во Ричмонд

Неколку лица се  повредени во престрелка на автобуска станица во градот Ричмонд, во американската сојузна држава Ворџинија, пренесуваат американските медиуми.

Полицијата во Вирџинија потврди дека се повредени најмалку двајца полицајци и една жена, пренесува телевизијата Си-Би-ЕС.

Локалната телевизија WTVR, филијала на Си-Би-ЕС, повикувајќи се на неименувани извори наведува дека има шестмина повредени, од кои двајца се наоѓаат во критична состојба.

Оваа ТВ станица, исто така, наведува дека осомничениот напаѓач е убиен, пренесуваат британските медиуми.