-->
-->
Неколку блиски пријатели на починатиот актер открија шокантни детали од неговиот живот
-->

Дел од американските медиуми се навратија на последните денови на починатата ѕвезда Патрик Свејзи, чиј што живот по долгата борба со канцерот заврши во 2009-тата година.
Неколку блиски пријатели на починатиот Патрик Свејзи проговориле за годините пред смртта на актерот. Рекле дека Патрик живеел во „свој личен пекол“ со лошата и непресметлива сопруга.
Блиските пријатели на Патрик Свејзи тврдат дека вдовицата Лиза Ниеми (60) била вистинско олицетворение на злото.
– Патрик, кој поради нејзинта немарност спадна на само 40 килограми, никој не смееше да го посети. И неговата почината мајка ја бркаше од куќата – рекол пријател.
Тој додал дека Патрик, кој умре во 2009 годин од рак на панкреасот, бил навредуван, тепан и изневеруван и со жени и со мажи од Лиза, а таа го држела и во домашен притвор.
– Дон, помладиот брат на Патрик, се грижеше за него кога можеше. Но, кога не беше во градот, Патрик и беше препуштен на Лиза, таа го напушташе и не се грижеше за него. Дон, кога се враќал од пат, Патрик го наоѓал како лежи во сопствената урин и фекалии – раскажал пријателот на Патрик за американскиот портал „Радар онлајн“.
Друг извор за истиот портал тврди дека Лиза со години управувала со парите на Патрик и му наредувала кои улоги да ги прифати, а кои не.
Патрик Свејзи наводно страдал и останал со неа во брак бидејќи таа ја знаела тајната која можела да му ги уништи кариерата и семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
