Неканет гостин: Кога се вратиле во кујната ги пречека овој влекач
Семејство од Квинсленд во Австралија затекнало ѕиновски питон во својата кујна и тоа го снимиле со камера.
Семејството се шокирало кога го открило несаканиот гостин во својата кујна. Змијата не била некоја закана зошто само барала сигурно место каде ќе го свари оброкот што претходно го проголтала.
Откако убаво се најал, питонот од 8 килограми, се сместил да спие зад микробрановата каде веројатно ми било топло. Влекачот го извлекле професионалците Роси и Ричи од службата задолжена за фаќање на змии.
Акцијата за спасување ја снимиле и ја објавиле на социјалните мрежи и се претпоставува дека питонот ја изел или мачката од соседот или опосум. Ја пуштиле во дивината, во дупка од едно дрво каде змијата наредните неколку недели ќе го вари својот обилен оброк.
Рик и Рос ги предупредија граѓаните на Австралија, посебно сопствениците на домашни миленичиња како превентивно да ги заштитат, а велат змиите, иако се големи, не се опасни за луѓето.
Ново на Сител
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора
-
Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
-
Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано
-
Европскиот совет даде „зелено светло“ на буџет на ЕУ за 2025 година