-->
-->
Нејмар останува во „Блауграна“
-->
Бразилецот Нејмар ќе го продолжи договорот со Барселона на уште три години, пренесоа во вторникот сите каталонски медиуми.
Според Cadena Cop, двете страни ги договориле сите детали, Нејмар ќе го продолжи договорот до 2021 година и ќе стане вториот најплатен играч во клубот.
Челниците на Барселона уште пред две недели изјавија дека продолжувањето на договорот со Нејмар ќе биде приоритет за нив во летниот преоден рок, откако четири клуба (Реал, Манчестер Сити, ПСЖ и Манчестер Јунајтед) објавија дека се подготвени да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор, која изнесува 190 милиони евра.
Нејмар во Барселона пристигна од Сантос во 2013 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
-
Пентагон испраќа околу 700 маринци во Лос Анџелес
-
Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ
-
Крмзов доби 30 дена притвор
-
Завршува учебната година
-
Годишни извештаи за 2024 година на седница на Комисијата за политички систем
-
Мицкоски и Тошковски ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи
-
Зголемен интензитетот на сообраќај на патиштата