-->
-->
Нејмар бара 25 милиони од Барселона
-->

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, наводно побарал од УЕФА да ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите, бидејќи поранешниот клуб не му го исплатил бонусот за лојалност.
Бразилецот во летниот преоден рок за рекорден трансфер од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Весникот „Ас“ пишува дека Нејмар поднел барање до УЕФА кое било одбиено.
„Како што покажува нивниот извештај, УЕФА го одбила барањето и испратила одговор до адвокатите на Нејмар, иако во ниту еден момент од владеачкото тело на европскиот фудбал не размислувале да го добрат барањето“, пишува „Ас“.
Барањето кое го поднел Нејмар е само уште еден показател дека разделбата помеѓу него и Барселона не минала пријателски.
Барселона го тужеше Нејмар поради кршење на договорот и од него побара 8,5 милиони евра, а Бразилецот возврати со контра тужба, барајќи да му биде исплатен одреден бонус од 26 милиони евра, кој требало да го добие во ноември.
Според одредени медиуми, адвокатите го натерале Нејмар најостро да реагира бидејќи Барселона одбила да му го исплати ветениот бонус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
