-->
-->
Неизвесно одигрувањето на дербито Работнички - МЗТ Скопје ?
-->
Неизвесно е одигрувањето на дербито на 4.коло од кошаркарската Супер лига меѓу „вечните ривали“ Работнички и МЗТ Скопје. Почетокот е закажан за 19 часот, а натпреварот треба да се игра во салата Градски парк.
Проблем за одигрувањето на дуелот е неисправноста на техничките уреди во салата. Имено на помалку од 6 часа двата семафора за 24 секунди, кои се наоѓаат над таблите не се во функција, односно не светат дисплејовите кои би требало да го покажуваат времето за напад.
Луѓето од салата прават напори да ги оспособат, а во салата дојдоа и мајстори, кои откако не го отстранија дефектот - си заминаа.
Инаку во истата сала за 12 часот беше закажан и натпревар од младинска лига на Македонија (М-14) меѓу Работнички и Карпош Соколи, но поради техничката неисправност на уредите службените лица го одложија натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен