Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска

Во Полска утре се одржува втор круг од претседателските избори, а двајцата кандидати, според анкетите, имаат подеднаква шанса за победа.
Во првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 18 мај, најголем број гласови (31,36 проценти) освои проевропскиот градоначалник на Варшава, Рафал Часковски, а втор беше десничарскиот конзервативец, поддржан од националистичката партија Право и првада (ПиС), Карол Навроцки (29,54 отсто).
Според анкетата на агенцијата Полстер изработена за дневниот весник Супер експрес на утрешните избори за Часковски би гласале 47,97 проценти од испитаниците, додека за Навроцки – 45,6 отсто. Но, 6,43 проценти од испитаниците изјавиле дека сè уште не знаат за кого ќе гласаат.
Додека други две анкети покажуваат дека разликата помеѓу Часковски и Навроцки е минимална, во рамките на статистичка грешка. Според анкетата на порталот Онет, следниот претседател на Полска би бил Часковски, кој добил поддршка од 59,1 отсто од испитаниците, а за неговиот политички опонент се изјасниле 49,9 проценти. Додека според резултатите на анкетата на порталот Виртуелна Полска, 50,63 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за Навроцки, а за Часковски – 49,37.
Победата на Часковски од Граѓанската коалиција на полскиот премиер Доналд Туск, ќе овозможи продолжување на реформската програма. Додека победата на историчарот Навроцки од ПиС како и актуелниот шеф на полската држава, ќе ја продолжи политиката на Анджеј Дуда, кој со правото на вето блокираше голем број владини закони.
Претседателот на Полска има петгодишен мандат и многу овластувања, меѓу кои претставувањето на земјата во странство, влијанието врз надворешната политика, именување на премиер и влада и е врховен командант на вооружените сили.
Резултатите од утрешното гласање најверојатно ќе бидат објавени в понеделник.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
