Неисправна е водата за пиење од два селски водовода во Виничко
Локалните водоводи во виничките села Липец и Лески се бактериолошки загадени и водата не треба да се употребува за пиење, готвење или за одржување на личната хигиена.
Испитувањата на примероците од вода што ги извршил Центарот за јавно здравје од Кочани покажале недозволено присуство на колиформни бактерии, а во Лески е откриено и присуство на цревни ентерококи, ешерихија коли и псевдомона аеругиноза.
Како превентивна мерка, од Центарот препорачуваат населението да се извести со поставување писмени известувања дека водата е неисправна за користење.
По барање на локалната самоуправа на Виница, испитување на водоводите се направени и во селата Лаки, Истибања, Трсино, Калиманци, Крушево, Драгобраште и Пекљани, но, таму резултатите одговараат на законските прописи и стандарди.
Анализата на примероците покажала добри резултати во исправноста на водата од физичко-хемиски аспект кај сите девет селски водоводи, но препорачано е да се врши редовна дезинфекција со хлор за да се избегнат несакани последици.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години