Нефју: Американскиот државен секретар има докази за вмешаност на Мерко во голема корупција
Во интервју за албанската редакција на „Гласот на Америка“, координаторот на антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју изјави дека не можеле да споделат повеќе детали за тоа зошто струшкиот градоначалник вчера завршил на црната американска листа.
- Одлуката е донесена затоа што државниот секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека г-дин Мерко бил вмешан во голема корупција. И така според законите, кога секретарот ќе дојде до тој заклучок, нечија определба е правно обврзувачка, како што се случи денес, изјавил Нефју за Гласот на Америка.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа врз база на кои конкретни докази е донесена оваа одлука, координаторот за антикорупција на СД на САД вели дека станува збор за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки.
- И знаете, со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај, додаде Нефју.
Ново на Сител
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот